Новак и Јелена Ѓоковиќ денеска го слават 5-от роденден на нивниот син Стефан. По тој повод Јелена преку Инстаграм испрати емотивна порака со неколку досега необјавени фотографии од детството на Стефан.
„На денешен ден, пред пет години, се роди Стефан, а повторно се родив и јас. Овој пат како мајка и овој пат имав мало момче да ме држи за рака, да ми спие на градите, да пее и плаче со мене, додека отпочеток учиме за животот… Колку промени внесе во нашите животи, мал ГОЛЕМ учителу. Благодарение на твојата мудрост и трпение ние сме подобри родители и на твојата сестра Тара. Благодарение на тебе ние станаваме вистинско мало семејство. Толку брзо се менуваш, напредуваш и не се врзуваш за никакви промени, туку само храбро чекориш напред… колку мудрости во едно мало тело, а голема душа. Прекрасно мое малечко, бескрајно ти благодарам на секој ден раст со тебе и покрај тебе. За насмевките, тантрумите, прегратките и бакнежите, “а зошто“, “не сакам“, “не давам“…. Ти благодарам бескрајно. Те сакам и ти благодарам на трпението. Растеме заедно веќе пола деценија!“ – напиша гордата мајка.
https://www.instagram.com/p/B33_GxdIR1S/?utm_source=ig_web_button_share_sheet