Пејачката Нина Бадриќ на социјалните мрежи на своите следбеници им ги покажа резултатите, односно новата линија откако го смени начинот на исхрана. Нина изгледа фантастично, а делот за коментари под фотографиите е полн со пофалби. Фотографијата што ја објави на својот профил на Инстаграм, а на која позира во црно бикини со проѕирни делови ги воодушеви нејзините следбеници.
Последната особено го привлече вниманието на нејзините следбеници поради одличната форма. Нина пред две години го смени начинот на исхрана и сега строго се придржува до него. Имено, таа од исхраната ја исклучила храната од животинско потекло, а понекогаш знае да се почести со риба.
„Откако јадам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се сјајни, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со претходните години кога не размислував толку за храната што ја јадам. Ја следам диетата на Новак Ѓоковиќ долго време и многу мои блиски луѓе кои со години се хранат на овој начин и навистина се има смисла. Мојата сила тројно се зголеми. И духот и телото. Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и на сите им препорачувам да го зајакнат имунитетот со здрава исхрана, а со тоа и килограмите се топат. Оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, а придобивките од овој тип на исхрана се навистина непроценливи за нашето здравје и живот“, изјави Нина Бадриќ