Голи активистки со голи гради и натписи на телото го срушиле металниот кој стоел пред хамбуршкиот кварт на црвените фенери на влезот во улицата Herbertstraße. Со протестот тие порачале дека сакаат да ја спречат сексуалната експлоатација на жените и сексуалното насилство кое се крие зад вратата на секс индустријата.
Herbertstraße е работно место за проститутките. Тие стојат на излози и разговараат со минувачите, а поставениот ѕид служел како бариера и заштита на приватноста, пишува Телепорт.
На жените и децата им е забранет пристапот во оваа улица.
Активистките го критикуваа фактот дека во оваа улица влезот им бил забранет на жените со децении.
“Нема ѕидови помеѓу жените”, пишуваше кај некои од нив на телото.