Поранешната сопруга на познатиот фудбалер Патрис Евра доживеала шок кога дознала дека сопругот ја изневерил со друга жена, пишува „The Sun“. Меѓутоа, вистински ладен туш следел откако дознала дека фудбалерот има и две деца со љубовницата.
Сандра (39) на новинарите им рекла дека дознала за аферата на Патрис во Лас Вегас со лекарката Габриела Бирли (32).
Набрзо потоа тие започнале љубовна врска, иако Патрис бил во брак со Сандра, со која има две деца. Патрис продолжил да се гледа со Габриела и кога се вратиле во Велика Британија.
Габриела, нејзината сестра Ребека и мајката Марија одлетале за Бразил да го гледаат Евра како игра за француската репрезентација на Светското првенство во 2014 година. На социјалната мрежа објавила фотографија на која може да се забележи дека присуствуваат на натпреварот против Еквадор, а на истиот меч присуствувала и Сандра.
Следниот ден, сопругата на Евра позирала во маица од француската репрезентација со бројот 3, кој го носи Патрис.
Минатата недела Сандра откри дека таа и Патрис се на пат да се разведат по 25 години заеднички живот. Евра ја напушти семејната куќа во Париз во јануари за да работи за „Sky Sports“ и сега живее со манекенката Марго Александра (25), огичлено сакајќи да живее ергенски живот иако има сопруга и деца, љубовница со деца, а сега и уште една.
Сандра, која ја запозна Евра кога имаа 14 години, рече:
„Патрис е единствениот човек што некогаш сум го сакала, и тој беше суров кон мене“.
Извор близок до семејството на Евра во Велика Британија изјави:
“Сандра ќе се распадне после ова. Тој водеше двоен живот и ја изневеруваше со години. Нејзините деца имаат полубрат и полусестра. Тоа е неверојатна ситуација”, пишува „The Sun“.