Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Баена, кого актерот го добил во 1997 година во вонбрачна авантура, веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста, најмногу поради изгледот, но и поради фактот дека сè повеќе личи на својот татко.
Џозеф Баена е плод на долгогодишната афера помеѓу Арнолд и семејната дадилка и слугинка Милдред. За неверството се дознало дури откако нивниот вонбрачен син пораснал и почнал неодоливо да личи на Шварценегер.
Иако Арнолд тврдеше дека ѝ раскажал на сопругата сè за аферата, таа за неа, наводно, дознала од неговата љубовница, која потврдила дека има дете со него.
Милдред работела за славното семејство 20 години, била времена и работела додека Марија била дома и го чекала нивното најмладо дете.
И двата сина се родиле во 1997 година во растојание од неколку дена. За жал, откривањето на аферата не значело дека актерот ќе биде присутен во животот на момчето. Напротив. Поминаа години пред познатиот актер да одлучи дека е време да го признае вонбрачниот син и да ги поправи грешките од минатото.
Додека децата на Арнолд уживаа во богатството и гламурот, животот на Џозеф Баена не бил воопшто лесен, што можело да се забележи и од фотографијата што ја објавил на својот профил од снимањето филм.
„Одлично си поминуваме на снимањето на Bully High. Конечно знам како е да се биде дете што оди во приватно училиште“, напишал Баена под последната фотографија.
Така го потенцирал фактот дека немал лесно и безгрижно детство, иако татко му Арнолд одамна го има стекнато своето богатство.
Сепак, работите денес се потполно поинакви, а таткото и синот често поминуваат време заедно. Ја делат љубовта кон бодибилдингот и вежбалницата, па многу често тренираат заедно.
Меѓутоа, Баена сега се подготвува сериозно да го покори Холивуд, па од неодамна може да го видиме и во познатиот натпревар „Танц со ѕвездите“, во кој за сега фантастично се покажува. Секако, на снимањата и во публиката постојано бил присутен и неговиот татко, кој не ја криел гордоста поради својот син.