Иако пред неколку дена се пишуваше дека Џорџ и Амал Клуни се разведуваат изгледа дека нивната приказна доби друг епилог.
По шпекулациите дека во нивниот брак владее криза, сега странските медиуми пренесуваат дека нивното семејство може да се прошири за уште два члена.
Наводно, Џорџ и Амал наводно биле на вештачко оплодување кое завршило успешно.
Анонимен извор тврди дека Амал е бремена и очекува девојчиња, а веста на семејството и пријателите планираат да ја кажат за Божиќ.
Поминуваа низ тежок период, но изгледа дека ги решија недоразбирањата. Џорџ не излегува толку често, а Амал тоа го цени. Сега уживаат во заслужената среќа“ изјави добро известен извор.