Во текот на вчерашната ноќ, по целодневните обиди од вработените на Скијачкиот центар и Националниот Парк да го изгаснат пожарот кој беше во близина на двосед жичарата, вработените од скијачкиот центар решија да го стават во употреба тукушто монтираниот систем за вештачки снег на двосед патеката. Благодарение на водата од системот, пожарот беше изгаснат доцна во ноќта.
Од Скијачкиот центар Маврово се задоволни што помогнаа во гаснење на пожарот и намалување на поголемите штети кои можеше да ги предизвика.
Скијачкиот центар Маврово секогаш своите капацитети ги става на располагање за заштита на животната средина и на убавините на Националниот парк Маврово и истовремено ги повикува надлежните органи да истражат околу предизвиканите пожари кои беснееа вчера низ планините на Македонија.
Исто така, скијачкиот центар се заблагодарува на вработените и на сите љубители на Маврово за загриженоста и иницијативата да помогнат во зачувување на убавините на Скијачкиот центар.