Една од најпознатите српски глумици во филмовите за возрасни и учесничка во реалното шоу Невена Хот го кажа судбоносното „да“ неодамна во Словенија, а венчавката на јахта изгледаше како нешто од бајките.
Имено, срцето на ѕвездата го зароби четириесетгодишниот „Целски крал“, кој во последните 20 години успешно тргува со злато. Има свои претставништва во Абу Даби, Токио и Орлеанс, како и две компании во Љубљана.
Свадбата се одржа во тајност на луксузната јахта на младоженецот што пловеше околу островот Блед. На церемонијата присуствуваа само најблиските луѓе, а за нивната венчавка пристигнаа 1.200 лалиња од Холандија, додека храната на бродот ја подготвуваа готвачи од Словенија, Индонезија и Србија.
Невена блеснала во елегантен бел фустан, а бурмите се направени во Целје и чинат неверојатни 30 илјади долари.