Поп кралицата Мадона која моментално е на својата турнеја под името Madame X во неделата поради повреда мораше да го откаже концертот во Париз. Таа го повреди коленото откако падна од столче за време на изведување на песната Vogue, па движењето ѝ е многу ограничено.
62-годишната Мадона по откажување на концертот со бастум храбро излезе меѓу луѓето, пишува Daily Mail.
Нејзиното 25-годишно момче Ахламалик Вилијамс ѝ помогнал да излезе од арената во која требало да настапи, но главата ја држел наведната.
Инаку, светската турнеја Madame X, Мадона ја започна во септември минатата година во Њујорк, а требало да заврши на 11 март во Париз. Поради повреда таа веќе откажа 14 настапи.
https://www.instagram.com/p/B9MyRAthox3/?utm_source=ig_web_button_share_sheet