5-годишниот Тони Хаџел собра повеќе од милион фунти за лондонската болница што му го спаси животот одејќи 10 километри со нови протези на нозете инспириран од предизвикот што го постави капетанот Том Мур.
Тони бил малтретиран од неговите родители кога бил бебе, што резултирало во ампутација на нозете, пренесе Ројтерс.
Паула Хаџел, која го посвои, изјави дека добил протези на нозете во февруари и дека од почетокот, кога едвај одел, сега шета неколку стотици метри на ден.
Тони рече дека предизвикот е навистина забавен и дека иако му беше тешко да започне, како што одминуваа деновите, му стануваше се полесно и полесно.
Тој истакна дека се чувствувал добро затоа што ја постигнал целта да испешачи 10 километри во текот на јуни.
Тони го прифати предизвикот откако виде дека Том Мур (95), шетајќи со помош на помагало, направи 100 круга во својата градина и собра 33 милиони фунти.
https://www.facebook.com/bbcbreakfast/videos/3022890331158118/?t=1