Соња Савиќ била во врска со познат рокер кој и посветил песна (ФОТО)

by Тони Зографски

Една од најдобрите глумици во српската кинаматографија,Соња Савиќ во минатото била во врска со познат рокер. Се работи за фронтменот на Електрични оргазам Срѓан Гојковиќ Гиле кој и ја посветил песната “Дебела девојка“.

-Таа никогаш не беше дебела, но секогаш се плашеше дека ќе се здебели. Во тој период стално беше во “фазон“ дека е дебела или дека ќе се здебели, што ме инспираше да ја напишам песната – се сеќава Гиле.

Песната била објавена во 1986 година во времето кога Соња Савиќ го снимала филмот “Шеќерна водица“.

-Соња беше многу интересна личност и супер глумица. Во тоа време возев мотор томос аутоматик, и додека стоев на еден од белградските семафори добив инспирација за музиката на песната.

Инаку, Соња Савиќ почина во 2008 година на 47- годишна возраст.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com