Ен Хатавеј отсекогаш важела за природна убавица, но изгледа дека ни таа не му одолеа на шармот на ботоксот. Имено, на социјалните мрежи вирално стана видеото кое прикажува две сцени од филмовите во кои глуми Ен. Во двете сцени актерката плаче, но разликата е очигледна.
Во првото видео, Ен има 28 години, а додека плаче, лицето целосно ѝ се менува – веднаш се создаваат брчки околу усните и очите, а се гледа ѝ природното движење на мускулите на лицето. Но на втората снимка ситуацијата е сосема поинаква.
Ен има 41 година во второто видео и исто така снима сцена во која плаче, но изразот на лицето ѝ е значително различен, поточно – го нема, па многумина веруваат дека тоа е поради ботоксот.
“Боже, каква разлика, колку неприродно изгледа“, „Ако продолжи, ќе почне да губи улоги како Никол Кидман“, „Зошто жените не знаат кога да престанат со корекциите?“, се само дел од коментарите.