Многумина се изненадени кога ќе слушнат дека нејзиниот син е во четвртата деценија, со оглед на тоа што актерката изгледа неверојатно младолико.
Кога ќе ги погледнат заедно, таа повеќе делува како негова постара сестра, отколку како мајка.
Вергара, синот Маноло го добила со поранешниот сопруг Џо Гонзалес. Првиот брак на актерката траел кратко, од 1991 до 1993 година.
Актерката позирала и со нејзината внука Клаудија, со која често се појавува на „Instagram“.
Клаудија е ќерка на постариот брат на Софија Вергара, Рафаел, кој бил убиен пред две децении во Богота, Колумбија. Имал 27 години, а убиството се случило при киднапирање кое не одело по планот.
За ова претходно говорела и самата актерка: „Ние потекнуваме од успешно семејство, тој знаеше дека е мета на киднапери, секогаш имаше телохранители со него. Потоа, еден ден излезе, киднапирањето појде по зло и тој беше убиен. Бев скршена“, пренесува „The Sun“.
Софија Вергара, која сега е во врска со овој доктор, пораснала како едно од шест деца. На крајот на деведесеттите, со нејзиниот брат Хулио таа се преселила во Мајами, но тој бил депортиран во Колумбија поради проблеми со дрога. „Проблемите со законот се во неговото минато“, зборувала актерката, нагласувајќи дека и во најтешките моменти таа продолжува понатаму.
Се шпекулирало дека Софија имала врски и со луѓето од другата страна на законот, како што се колумбискиот наркобос Андрез Лопез и Крис Пачело, кој криминалните активности ги криел со имиџот на бизнисмен и сопственик на клубови.
Најтешките моменти во животот Софија ги доживеала на 28 години, кога се борела со ракот на тироидната жлезда.
Актерката оваа година официјално се разведе од Џо Манганиело, со кого стапила во брак во 2015 година.