Софија Вергара ја призна врската со 14-години помладиот фраер? (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатата актерка Софија Вергара (53) редовно споделува делови од својот приватен живот на социјалните мрежи, а гласините за нејзината нова врска се сè почести. Младиот претприемач Даглас Шабот (39) уште од мај е во нејзино друштво, а најмногу внимание привлече кога се појави на прославата на роденденот на убавата Колумбијка.

Од првиот момент кога беа видени заедно – гласините за новата врска на Софија Вергара не престануваат. Сепак, таа во ниту еден момент не потврди дали пронашла ново момче или 14 години помладиот Чабот е само нејзин пријател.

За сè да биде уште поинтересно, се погрижила и раскошната убавица со честите објави на кои се појавува маркантниот убавец, а со оваа последна дополнително ги разбранува социјалните мрежи.

Кога објавила селфи заедно со Чабот, многумина во коментарите заклучиле дека тоа сега е и официјално, но Софија останала мистериозна до самиот крај.

Во меѓувреме, странските медиуми „не се смируваат“ и сите пренесуваат дека со ова селфи Софија сепак ја потврдила новата врска.

„Те сакам“, напишала таа во описот на шпански јазик, но сè уште не е разјаснето дали тоа било само пријателски или пак жешката Колумбијка сепак има ново момче.

останати вести