Софија Вергара на својот Инстаграм објави видео во кое покажа како се забавува со внуките, а видеото од нивното танцување им се допадна на речиси половина милион луѓе.
Актерката се дружела со семејството по повод Денот на благодарноста, а во еден момент танцувала со внуките Клаудија и Вероника, предизвикувајќи бројни коментари кај следбениците.
„Благодарен за ова видео“, напишал еден следбеник, додека друг додаде: „Сите сме благодарни“.
Инаку, 31-годишната Клаудија неодоливо потсетува на Софија со која е во исклучително блиска врска. Клаудија е ќерка на нејзиниот постар брат Рафаел, кој беше убиен пред 20 години, а поради сличноста со актерката стекна голема популарност на социјалните мрежи.