Софија Вергара важи за една од најубавите актерки во светот. Шармантната Колумбијка не крие дека нејзиниот изглед ѝ отворил многу врати во кариерата, но дека денес има голема самодоверба и верува дека успеала да се докаже и со својот талент.
„Би било апсурдно да го негирам тоа или да се чувствувам лошо поради тоа. Напротив, јас сум благодарна за мојот живот. Големите гради и телото ми ги отворија вратите, тие беа мојот ‘пасош’ за влез во светот кога имав 20 години и почнав да се занимавам со манекенство. Сепак, денес имам 51 година и сè уште сум тука“, искрена беше таа за El Pais.
Како што вели, верува дека опстанала бидејќи не се плаши од ризици.
„Бидејќи не се плашам од преземање ризици, работам понапорно од кој било, имам карактер, отсекогаш сум била свесна што има во светот и не се плашам. Има жени кои се поубави, помлади, имаат подобри гради и подобро тело од мене, но јас сум сепак тука бидејќи покажав дека можам да останам. Не правам операција на мозок, тоа е само забава, а најлошото што може да ми се случи е да кажат дека изгледам грдо. Можам да се справам со тоа“, додаде актерката.