На Софија Вергара многумина ѝ честитаат на главната улога во мини-серијата „Гриселда“ која започна со емитување на „Нетфликс“ на 25 јануари.
Приказната се состои од шест епизоди, претставува спој на драма, криминалистички и биографски моменти. Контроверзната тематика привлекла лавина критики, а сега објавени се кадрите во кои се прикажани интимните моменти на „кокаинската кума“, чиј лик го толкува колумбиската актерка.
Софија Вергара во тие сцени е разголена и има интимен однос со маж, а клучната слика ја доловуваат јачината на страстите. Актерката која поради оваа улога ја нарекуваат женската верзија на Тони Сопрано, ја толкува улогата на Гриселда Бланко, нарко-шефицата во кокаинската трговија и подземјето на Мајами на Флорида во текот на 70-тите години, попозната како „кума на кокаинот“.
Серијата ја режирал Андреа Браиз, извршни продуценти се Софија Вергара, Ерик Њумен, Карло Бернар, Даг Миро и Ингрид Ескајед.
Приказната главно добила позитивни критики, а истото важи и за Колумбијката.
Но, сепак многу негативно реагирал синот на Гриселда Бланко којшто ваквото сценарио го прокоментирал остро и ја критикувал и Вергара и целокупниот тим.
Мајкл Корлеоне Бланко ја тужел и актерката и „Нетфликс“ поради тоа што неовластено и без надомест користеле делови од интервјуа во кои тој зборувал за својата мајка, но исто така искористиле и неовластени фотографии од ликот и идентитетот на семејството.