Софија Вергара во тесен фустан ги истакна градите (ФОТО)

by Тони Зографски

Софија Вергара не мора многу да направи за да го привлече вниманието на сите што ја сакаат, а и на оние кои не ја сакаат.

Шармантната Колумбијка имаше дружба со обожаватели во Лос Анџелес, а поводот беше нејзиното учество во жирито на „Америка има талент“.

Таа се погрижи нејзиното модно издание да ги оправда сите очекувања, исто како неодамна кога им покажа на сите како без промашување да го носат најризичниот дизајн.

Позната по своите раскошни облини, овој пат ги стави во преден план.

Софија за оваа пригода избра провокативен фустан, чиј горен дел беше корсет, па сите гледаа во раскошното деколте. Остатокот од фустанот е направен од проѕирен материјал преку стомакот, додека долниот дел е со светки.

Изгледот на Софија Вергара секогаш ќе биде постојана тема, а самата таа нагласува дека е свесна за ова, меѓутоа, честопати велела дека тоа не ѝ помогнало многу во кариерата бидејќи сите секогаш гледале на неа поинаку.

останати вести