СОСТОЈБАТА НА БРУС ВИЛИС СЕ ВЛОШУВА: Семејството донесе тешка одлука што го шокира светот

by Тони Зографски

Сериозни информации за здравствената состојба на Брус Вилис повторно ја вознемирија јавноста, откако неговото семејство донесе тешка, но значајна одлука поврзана со неговата болест.

Познатиот актер се повлече од јавниот живот во 2022 година, кога му беше дијагностицирана афазија – нарушување кое влијае на говорот и способноста за комуникација. Една година подоцна, семејството потврди дека состојбата е посериозна и дека Вилис боледува од фронтотемпорална деменција, болест која ги зафаќа говорот, однесувањето, емоциите и личноста.

Во обид да придонесат за науката и идните генерации, семејството одлучило, по неговата смрт, неговиот мозок да биде дониран за научни истражувања. Оваа одлука, како што наведуваат, има за цел да помогне во подобро разбирање на болеста и развој на нови терапии.

Сопругата на актерот, Ема Хеминг Вилис, за оваа одлука зборува во својата книга „Неочекувано патување: Наоѓање сила, надеж и себе на патот на грижата“, каде открива дека одлуката е донесена заеднички со целото семејство, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур и нивните ќерки.

– Ова е емоционално многу тешко, но и научно неопходно – изјавила таа, нагласувајќи дека семејството верува дека ваквиот чекор може да помогне во иднина да се спасат други животи.

Брус Вилис има две ќерки со Ема Хеминг – Мејбл и Евелин, како и три ќерки од бракот со Деми Мур – Румер, Скаут и Талула. Неговото семејство уште од почетокот отворено зборува за болеста, со цел да се подигне свеста за ова ретко, но сериозно заболување кое погодува илјадници луѓе ширум светот.

останати вести