Холивудскиот актер и ѕвезда на филмовите „Враќање во иднината“, Мајк Џеј Фокс, бил фотографиран на одмор во мексикански Тулум, едно од омилените места на бројни познати личности каде со семејството ја дочекал и Новата година.
Меѓутоа, најновите фотографии на денес 61-годишниот Мајкл којшто сите го паметиме како Марти од хит-филмот, всушност ги натажиле, но и загрижиле неговите обожаватели.
Имено, здравјето на Мајкл во текот на последните неколку години започнало да се влошува поради последиците на Паркинсоновата болест која му била дијагностицирана на почетокот на 90-тите години.
Поради тоа тој ја напуштил глумата, а на екранот можевме да го видиме само во некои посебни и кратки појавувања.
Во јавноста тој ретко се појавува, но сега направил исклучок, па со сопругата Трејси Полан одморал на плажа, а друштво му правеле неколку луѓе кои му помагале во движењето.
Мајкл во неколку наврати опишал колку му било тешко да бира улоги поради проблемите кои ги има со здравјето, а еден од најголемите е оној со помнењето.
Актерот изјавил дека повеќе не може да запомни долги дијалози поради болеста која сè повеќе напреднала. Сепак, неговата физичка состојба не го обесхрабрила, туку го мотивирала да основа фондација за развој на медицински истражувања кои помагаат во лекувањето и истражувањето на болеста.
Инаку, Мајкл актерската кариера ја започнал во доцните 70-ти години, но се прославил дури во филмот на Стивен Спилберг „Back to the Future“ во 1985 година кога имал само 24 години. Требало улогата да му припадне на Ерик Столц, но филмот повторно бил снимен со Фокс откако продуцентите мислеле дека првата верзија не е успешна.
Покрај него секогаш била љубовта на неговиот живот, Трејси со која има четири деца – Сем, Аквин, Шајлер и Есма.