Коалициските партнери СДСМ, како предводник на коалицијата ,,Можеме“ и ДУИ, денеска ги утврдија и објавија имињата на новата Влада.
- Зоран Заев, премиер
- Фатмир Битиќи(СДСМ), вицепремиер за економски прашања
- Љупчо Николовски(СДСМ), вицепремиер за борба против корупција
- Никола Димитров(СДСМ), вицепремиер за европски прашања
- Оливер Спасовски(СДСМ), Министер за внатрешни работи
- Радмила Шекеринска(СДСМ), министер за обрана
- Мила Царовска(СДСМ), министер за образование
- Бојан Маричиќ(СДСМ), министер за правда
- Јагода Шахпаска(СДСМ), министер за труд и социјална политика
- Венко Филипче(СДСМ), министер за здравство
- Благој Бочварски(СДСМ), министер за транспорт и врски
- Ирена Стефоска(СДСМ), министер за култура
- Горан Милески(ЛДП), министер за локална самоуправа(извор Сител)
Министерството за земјоделство ќе ѝ припадне на БЕСА, како коалициски партнер на СДСМ во коалицијата ,,Можеме“, најверојатно Аријанит Хоџа.
ДУИ ги објави имињата на нивните предлози за владини функционери:
1.Фатмир Бесими(ДУИ), министер за финансии
2. Бујар Османи,(ДУИ), министер за надворешни работи
3. Артан Груби(ДУИ), министер за политички систем и вицепремиер
4.Крешник Бектеши(ДУИ), министер за економија
5. Насер Нуредини(ДУИ), министер за екологија и животна средина
Откако се утврдени имињата на министрите, претседавачот со Парламентот ќе свика седница на која ќе биде претставена новата Влада.