Актерката Марго Роби „умираше“ од смеење во понеделникот вечерта во Њујорк, кога нејзиниот сопруг Том Акерли ја штипна за задникот во текот на фотосесијата на доделувањето на филмските награди Готам за 2023 година.
Двојката позираше заедно со режисерката на филмскиот хит „Барби“, Грета Гервиг, нејзиниот сопруг Ноа Баумбах и Лора Дерн во просторијата за новинари откако Гервиг ја освои наградата Трибјут.
Додека екипата стоела и се насмевнала пред камерите, Роби одеднаш почнала неконтролирано да се смее, да се поместува наоколу и да изгледа како да ја турка раката на Акерли.
Новинарката на „Пејџ сикс“ ја прашала: „Дали тој те штипна за задникот?“, додека актерката „умирала“ од смеење. „Таа е во право? Те штипка за задникот?“, продолжиле да ги прашуваат и другите новинари.
Подоцна, од „Пејџ сикс“ го прашале Акерли дали навистина ја штипнал за задникот својата сопруга. Тој рекол дека не – иако новинарите велат дека не се согласуваат откако лично го виделе моментот.
Инаку, парот се вљубил на снимањето на „Suite Française“, а се венчале во 2013 година на тајна церемонија. Пред врската, тие беа пријатели и цимери. Познати се по тоа што не сакаат да се експонираат во медиумите, но неколкупати папараците ги снимија на заедничка прошетка, при што си разменуваа бакнежи.