Скоро 30 години Сандра Булок е миленичка на Холивуд. Во јавноста е секогаш насмеана и позитивна, но зад затворените врати на својот дом признава дека често плачела над својата тажна судбина – пропаднатиот брак, јавното понижување, мажот кој ја демнел и сакал да ја повреди…
Таа минатата година најавила дека ќе паузира од актерството за да се посвети на одгледувањето на децата кои секогаш настојувала да ги скрие од јавноста.
„Ќе си земам одредено време за да бидам само мајка. Ќе се вратам на актерството. Не знам кога. Веројатно кога ќе бидат тинејџери и кога ќе имаат 16-17 години“, изјавила Сандра во март минатата година.
Животот на омилената холивудска актерка го одбележале бројни трауми, а меѓу нив и хоророт којшто го поминала со поранешниот сопруг Џеси Џејмс. Нивниот брак во Холивуд бил познат како еден од најлошите бракови и затоа што тој речиси од почетокот на нивната врска ја изневерувал со многу жени. Булок за Џејмс се венчала во 2005 година, а се запознале на снимање на филм.
Сандра со Џејмс кон крајот на 2009 година влегла во битка за старателство над ќерката, а парот на крај добил целосно старателство. На почетокот на наредната година се огласиле неколку жени кои тврделе дека спиеле со Џејмс, а актерката тогаш ја откажала европската турнеја за филмот „The Blind Side“. Џејмс јавно истапил и признал сѐ, а потоа се извинил.
„Никогаш не сум бегал од било што што сум направил. Преземам целосна одговорност. Ја изневерував својата сопруга. Па, што? Тоа го прават и милиони други мажи“, изјавил претприемачот.
Во март 2012 година откако Сандра освоила Оскар за филмот „The Blind Side“, во јавноста протекло дека Џејмс ја изневерил со тетовираната стриптизета Мишел Мекги и уште неколку жени. Актерката дури подоцна проговорила за пропаднатиот брак.
„Мојот живот имаше пресврт којшто не беше баш пријатен. Но, мислам дека сето тоа се случи за да ја сфатам подлабоката смисла на семејството“, изјавила Сандра.
После сето тоа актерката ја пронашла љубовта во моделот и фотограф Брајан Рендал за кој се венчала на почеток на 2021 година. Својот сегашен сопруг го запознала кога пријателка ѝ предложила да изнајми фотограф за прославата на роденденот на синот Луј. Актерката и фотографот се зближиле, а тој е вклучен и во одгледувањето на децата кои многу го сакаат.
„Децата го обожуваат Брајан и секако Сандра сѐ уште се плаши затоа што не може да верува дека имала толку среќа што го нашла Брајан“, изјавил извор близок до парот.
Освен љубовните бродоломи, Сандра доживеала и една страшна работа во животот – била прогонувана. Ја прогонувал Џошуа Џејмс Корбет којшто провалил во нејзината куќа во 2014 година. Булок дополнително раскажала дека е благодарна само на тоа што нејзиниот син Луј тогаш не бил дома.
„Тоа беше луда ноќ кога Луј не беше со мене. Неговата дадилка кажа: Ајде да го однесам во својот стан којшто се наоѓаше спроти мојата улица. Просторијата која сега е мој гардеробер тогаш беше негова соба, а сето тоа да се одвиеше во негово присуство, би ни ги сменило животите засекогаш“, раскажала своевремено актерката.
Актерката освен 12-годишниот син Луј ја има и 10-годишната ќерка Лајла, а и двете се посвоени.