Холивудската ѕвезда Џесика Бил била во познат њујоршки ресторан, а за таа прилика ги воодушевила сите со својот стајлинг.
Прекрасната Џесика Бил бегала од скандалите во текот на својата кариера, но за жал аферите ја следеле во приватниот живот и тоа главно благодарение на нејзиниот сопруг Џастин Тимберлејк.
Џесика и Џастин се запознале во 2005 година, а започнале да се забавуваат во 2007 година откако и двајцата биле на забава на нивен пријател.
„Морав да бидам прилично упорен за да ја натерам да каже „да“. Но, јас сум многу упорен и доколку нешто сакам, не се откажувам од тоа. И на крај се согласи“, изјавил пејачот за почетокот на нивната врска, а актерката додала дека требало да помине многу време пред да се случи нивниот прв бакнеж.
Џесика во 2010 година изјавила дека нејзината романса со Џастин е нешто најскапоцено во нејзиниот живот.
Тие во 2011 година раскинале, а нивните портпароли соопштиле дека поранешниот пар останал во добри односи. Тимберлејк во тоа време за „Vanity Fair“ изјавил дека неговата поранешна девојка за него е една од најважните личности.
Меѓутоа, кружеле приказни дека Џастин бега од олтарот, па за Џесика велеле дека за жал залудно се надева дека ќе се венча со својата голема љубов. Кога на тоа ќе се додадат и гласините дека тој цело време всушност бил заљубен во Бритни Спирс, тогаш јасно е зошто баш таа во оваа приказна била страната која најлошо поминала во медиумите.
До смирување дошло кон крајот на 2011 година кога се вериле во Монтана од што Џастин добил инспирација да ја напише песната „Монтана“.
Не чекале долго ни за венчавка која била направена во Италија, а на која имало околу 100 гости меѓу кои и водителот Џими Фалон. Џесика тој настан го опишала како волшебно искуство, а исто така и додала:
„Конечно го одведов пред олтар“.
Голем скандал се случил во 2019 година кога тој бил „уловен“ во спорна ситуација со колешката Алиша Вејнврајт, на пауза на снимање на филм во Њу Орлеанс.
Тие уживале во еден бар каде ги „уловиле“ фотографите, а таа него нежно му ги допирала коленото и ногата, а потоа тој ја фатил за рака и ја галел.
„Извинете, бев пијан. Јас сум лош пример за нашиот син“, рекол подоцна неверниот Џастин.
Тогаш јавноста се потсетила на интересна ставка од нивниот предбрачен договор која вели дека таа добива половина милион долари доколку тој биде „уловен“ дека е неверен (и дојде до развод).