Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегона Гомез е заразена од коронавирус. Освен неа, позитивни на тестирањето на блиските соработници на премиерот се и две министерки од шпанската влада.
„Анализите спроведени последните часови во дворецот Монклоа врз лица блиски на премиерот, дадоа позитивен резултат во случајот на неговата сопруга Бегоња Гомез. И со Гомез и со премиерот сѐ е во ред, и двајцата остануваат во дворецот Монклоа и постојано се следат превентивните мерки утврдени од здравствените власти“, се прецизира во соопштението.
Во четвртокот беше потврдено дека заразена со коронавирусот е министерската за родова еднаквост Ирене Морено. Таа, инаку е партнерка на Пабло Иглезијас, челникот на левичарската партија Заедно можеме (Унидас Подемос), со кого живее во заедница и има деца.
Во Шпанија, од денеска е на сила одлуката за делумна изолација во наредните 15 дена, како дел од планот за сузбивање на коронавирусот. Бројот на заразени во Шпанија вчера се искачи на 6023 лица од кои починаа 193, со што Шпанија стана втората земја по бројот на заболени лица од коронавирусот во Европа.