Гил Кетпол, сопругата на британскиот пејач на Џејмс Морисон (39), е пронајдена мртва во петокот во нивниот дом во Витмистер. Имаше 45 години.
Точната причина за смртта не е наведена, но објавено е дека не станува збор за „сомнителна“ смрт.
Медиумите известуваат дека Морисон бил „уништен“ и со скршено срце и дека целото семејство се собрало да го поддржи и да го утеши. Но, тој, наводно, побарал сите да го остават да тагува сам.
Пејачот својата покојна сопруга ја опишуваше како „свој херој“, а нивната љубов како „мала бајка“. Неговиот албум Stronger Than You Know’s е инспириран од нејзината сила по прераното раѓање на ќерката Ада.
Покрај Ада (5), двојката ја има и постара ќерка Елси (15).
Џејмс и Гил биле заедно повеќе од 20 години, а се запознале на интересен начин – Гил со тогашниот дечко изнајмувала стан од мајката на Морисон.