Манекенката Данијела Димитровска, сопругата на водителот Огњен Амиџиќ, доживеала сообраќајна несреќа на автопатот кај Ласта.
Поради шпекулациите дека после сообраќајката била итно префрлена на Клиниката за неврохирургија, таа се огласила преку својот тим, па им се заблагодарила на луѓето кои се загрижени за неа.
-Им благодарам на сите кои се загрижија. Се е во најдобар ред. Што се однесува до одењето на лекар, станува збор за стандардна процедура при таква ситуација – изјавила Данијела која имала повреда на раката.