Поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, се одложи судењето за Таргет Тврдина.
Неговиот адвокат на денешното рочиште изјави дека сопругата на Мијалков била заразена со корона, а и тој синоќа пројавил симптоми. Екипа на приватна болница направила домашна посета и утврдила дека Мијалков има висока температура и сува кашлица. Му била препишана и соодветна терапија.
Според адвокатот Љупчо Шврговски, Мијалков денеска попладне ќе прави тест за корона.
На денешното судење требаше да сведочи министерот за правда Бојан Маричиќ.