Актерката, мајка на две деца и сопруга на кошаркарската ѕвезда Милош Теодосиќ, убавата Јелисавета Орашанин студените зимски денови и минусни температури на Балканот ги замени со топлиот и „жежок“ песок на егзотичните Маладиви.
Атрактивната актерка на своите следбеници на социјалните мрежи уште еднаш и покажа зошто важи за една од најубавите жени на спортистите.
Со новите фотки ги воодушеви сите и предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
Нејзиниот сопруг Милош Теодосиќ поради ситна повреда прескокна неколку средби и паузата ја искористи за кус одмор. Брачната двојка реши слободното време да го помине со децата. По неколку дена на планина, тие отпатуваа на егзотична дестинација на монденските Малдиви од каде Јелисавета се огласи на Инстаграм.
Атрактивната актерка објави фотки на кои позира во минијатурни бикини кои го истакнаа нејзиното совршено тело, посебно стомачните мускули .
Фотографиите добија повеќе од 10.000 лајкови коментари за само еден ден.