Сопругата на еден од најдобрите европски кошаркари, грчкиот репрезентативец, Василс Спанулис, Олимпија Хопсониду иако бремена пливаше по крстот за Водици што во Грција се слави по Грегоријанскиот календар.
Имено, Олимпија која е поранешна спортистка, а е по шест пат бремена, со себе ги понеси и своите пет деца, три сина и две ќерки кои заедно со неа пливаа по крстот.
Нејзиниот гест привлече големо внимание во јавноста ако се земе во предвид лошото време во Атина. Додека едни сметаат дека пливањето во студената вода нема воопшто да и смета, други сметаат дека е неодговорно од една мајка бремена да ги поведе своите деца во студената вода.