Канје Вест најави дека начинот на кој се облекува неговата сопруга Бјанка Ценсори ќе стане уште похрабар, односно таа ќе носи сè помалку облека во јавност.
Кога парот се појави вчера на улиците на Лос Анџелес, стана јасно дека тој се држи до своите зборови.
Канје Вест и сопругата Бјанка не престануваат да шокираат. Пријателите на Бјанка се многу загрижени за неа бидејќи тврдат дека нејзиниот сопруг целосно ја контролира и дека таа се изгубила себеси, како и дека им забранува да се слушаат со неа. Нејзините родители исто така изразија загриженост, за нејзиниот татко на крајот од интервјуто да порача: „Тој е добро момче“.
Но, ова „добро“ момче многумина го критикуваат затоа што, како што велат, ја покажува голата сопруга, бидејќи сметаат дека Бјанка се облекува токму онака како што сака Вест. За потсетување, контроверзниот рапер го диктираше и стилот на поранешната сопруга Ким Кардашијан, што и самата го призна во една прилика.
Многумина веруваат дека Бјанка станала модел за повеќе од необичните креации на нејзиниот сопруг.
Вчера таа се појавила во проѕирна кабаница под која не носела ниту едно парче облека. Сопругата на Канје Вест го покажала своето голо тело бидејќи проѕирната наметка не прикрила ништо. Таа се обидела да ги прикрие своите интимни делови, но неизбежно настанале овие шокантни фотографии.