Контроверзната сопруга на познатиот рапер и продуцент Канје Вест, Бјанка среде бел ден е уловена како се шета по улица речиси гола.
Избраничката на Канје Вест, Бјанка Ценсори повторно ги остави без зборови сите со аутфитот во кој прошета по улиците на Италија.
Бјанка Ценсори речиси секојдневно ја шокира јавноста со модни избори кои многумина ги карактеризираат како „модни катастрофи“.
Досега ги видовме нејзините голи гради, задник во без гаќички, искинати чорапи и танга наместо долна облека…
Канје и Бјанка во моментов се во Италија во градот Прато каде се наоѓа производството на облека за брендот на Канје „Yeezy“. Откако ги остави сите без зборови кога се појави на улица со перница, таа сега е уловена на прошетка во нешто што повеќе личи на чаршаф отколку на парче облека.
Таа беше фотографирана од папараците среде бел ден додека одеше на состанок со пријателите и колегите во друштво на нејзиниот сопруг Канје Вест. Бјанка продефилираше низ улиците во бело боди кое не покрива речиси ништо освен горниот дел од торзото и интимната зона. Гледано од профилот, таа беше целосно гола и не носеше ниту гаќички ниту градник, а еден погрешен чекор во ова парче би довел до „катастрофа“.