Бјанка Сенсори и Канје Вест се фотографирани во Лос Анџелес како влегуваат во еден познат ресторан. Рака на срце, и не е изненадување дека Бјанка беше хит, па сите погледи беа вперени во неа.
Имено, сопругата на контроверзниот рапер се појавила во минијатурен горен дел во боја на кожа и неонски зелени хеланки, кои ги спуштила за сите да можат да видат мал дел од нејзиниот задник.
Двојката се држеше за рака, а Канје во неколку наврати застана зад сопругата за да ѝ ги скрие свлечените хеланки.