Првата дама на Србија, Тамара Вучиќ завчера се појави на модната ревија „Американска мода во Србија“ одржана во градината на резиденцијата на американскиот амбасадор.
Познати личности се собрале во резиденцијата на американскиот амбасадор Кајл Скот, а првата дама секако привлекла најмногу внимание.
Со црвен фустан кој одлично ѝ прилегал, таа изненадила откако почнала да танцува со амбасадорот.
После краткиот танц, таа позирала со Кајл и неговата сопруга Невенка Фурјан Скот.