Поранешната манекенка Евгенија Марковска и официјално стана една од најшколуваните наши јавни личности.
Таа со докторатот што го одбрани во април минатата година стана Доктор на науки, а сега сподели фотографии со кои се пофали дека и официјално била промовирана во доктор на науки.
Имено, штипскиот универзитет Гоце Делчев на патрониот празник 27 март промовираше вкупно 14 доктори на науки.
Евгенија заедно со сите нив докторираше минатата 2025 година на овој универзитет на кој предаваше и нејзиниот сопруг.
Потсетуваме, Евгенија е во брак со проф. др. Вело Марковски со кого имаат две деца, синот Павле и ќерката Кате.