На фудбалската легенда Синиша Михајловиќ кој храбро се бори со леукемијата најголема поддршка му се членовите на неговото семејство кои оптимистички го бодрат да истрае во битката со тешката болест.
Особено со Синиша цело време е неговата сопруга Аријана Михајловиќ кој со најновата објава на Инстаграм му даде целосна поддршка. На неа се тие двајца насмеани, а убавата Италијанка испрати емотивна порака.
-Пребројте ги цветовите во вашата градина, а не паднатите лисја – напиша Адријана која стави на знаење дека оптимизмот никогаш не ја напушта.
Инаку, Синиша неодамна изјави дека поради изгубените килограми и паднатата коса не сака да го гледаат децата во таква состојба.
https://www.instagram.com/p/B1yAkyKicNE/?utm_source=ig_web_button_share_sheet