Сопартиец на Орбан си доби 400 медиуми

by Тони Зографски

Сопствениците на повеќе од 400 унгарски медиуми му ги подарија своите компании на поранешен пратеник од владејачката партија ФИДЕС.

Станува збор за медиуми, чии сопственици се бизнис и политички сојузници на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Подарените медиуми ќе бидат под контрола на фирмата  „Централноевропска фондација за печат и медиуми“.

Подарокот или донацијата не подразбира парични трансакции, па така нема да биде платен ниту данок.

– Ставањето на стотици медиуми под контрола на една компанија потсетува на минати времиња на национализација во време на комунистичката власт и контрола на партијата над цело општество, објави Блумберг, додавајќи дека таква контрола и авторитарно однесување сакаат конзервативците кои „им се воодушевуваат на потезите на унгарскиот премиер Виктор Орбан“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com