Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели, имал тешка сообраќајна несреќа во Бреша.
Несреќата се случила, во доцните вечерни часови во четвртокот, а потврдено е дека Балотели бил зад воланот на автомобилот кој бил целосно уништен во несреќата.
Според првите информации до несреќата дошло поради неприлагодена брзина, поради што напаѓачот на Адана Демирспор изгубил контрола над автомобилот, по што удрил во оградата која се наоѓала покрај патот.
Автомобилот на Балотели е целосно уништен, но најважно е што тој е добро. Сепак, полицијата потврди дека Балотели го одбил алкотестот на лице место.
Брзата помош брзо пристигнала на местото на несреќата, а се појави и видео на кое се гледа дека Балотели е повреден, но она што радува е тоа што тој некако успеал да стане и со куцање да дојде во возилото на Брзата помош.
Балотели е префрлен во болницата во Бреша, каде ќе биде детално прегледан, по што ќе се знае со какви повреди се здобил.
https://twitter.com/i/status/1727814132756582757