Автобус со туристи од Македонија учествувал во сообраќајна несреќа во Италија.
Според информациите од МНР, несреќата се случила на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона.
Автобусот е во сопственост на туристичка агенција од Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) – македонски државјанин, додека полесно повредени се 12 патници од Македонија.
Од МНР велат дека преку Амбасадата во Рим остануваат во омуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.