На Фејсбук се појави слика на сообраќаен знак кој ги збуни многу возачи, но и ги изнасмеа поради духовитите коментари.
Спорниот знак ги предупредува возачите дека во следните 10 километри можат да наидат на магла и затоа возењето да го прилагодат на новите услови на патот.
Можеби поинтересни беа креативните коментари за “мистериозниот“ знак:
“ Во наредните 10 километри може да те издува промаја“. “Следниве 10 километри има духови“, “Влез во бермудски триаголник“, “Телепортирање на една поливина на патот во друга“… – беа дел од коментарите.