Традиционално ‘Пирели“ го претстави своето 46-то издание на календарот за идната година. Тој содржи 40 фотографии на тема „Сонување“ што ја пренесуваат четири ликови кои сонуваат за успех во животот.
Фотографиите се снимени во Мајами и Њујорк, а приказната се врти околу четири гламурозни женски филмски ликови и нивното патување до успехот.
Четирите жени кои ги играат ликовите се Џулија Гарнер, Џиџи Хадид, Мисти Коупленд и Летиција Каста, а им се придружуваат и Калвин Ројал и Сергеј Полунин. Календарот го снимаше познатиот фотограф Алберт Вотсон.
Интересно е што, во овој „Пирели“ календар се појавува и дизајнерот Александар Ванг, со што станува првиот дизајнер што се појавил во ваков проект.