Пратеничката Солза Грчева, на својот фејсбук профил објави дека не го честитала празникот „Св. Кирил и Методиј“, бидејќи имала долга операција.
„Не ви го честитав големиот празник, Св. Кирил и Методиј.
После силна вироза, а поради екстремно низок притисок, паднав дома и ја скршив бутната коска. Сега ви пишувам после долга операција од болницата 8-ми Септември.
Да сте живи и здрави и пазете се!“, напиша таа.