Ким Кардашијан викендов беше на доделувањето на Модните награди во Лос Анџелес, а друштво ѝ правеше нејзината најстара ќерка Норт Вест (9). И додека Ким позира со нејзиниот долгогодишен пријател и фризер, Крис Апелтон, Норт демонстративно си замина.
Таа со раката прави гестикулација како да не сака да е таму и си оди, додека Ким и Крис остануваат да се фотографираат. Видеото од непристојното однесување на Норт го објави „People“ на Инстаграм, па предизвика лавина коментари за однесувањето на ќерката на Ким и Канје Вест.

Создадовте чудовиште“,
„Таа е уште дете, не е виновна, кој ѝ е мајка, и кој ѝ е татко“,
„Ким знаеше каков е Канје кога се мажеше за него, сега е осудена да одгледува негови деца. Воопшто не ми е жал за неа“, се дел од коментарите на видеото кое има преку 40.000 лајкови.