Најпознатата американска готвачка Марта Стјуарт сподели несекојдневен трик за правење совршена кајгана, пенаста како облак. Наместо да користи тава и јајцата да ги пржи на шпорет, Марта се послужи со апаратот за капучино.
Како што откри на својот сајт, таа на овој начин со години ја подготвува кајганата а “фората“ ја “украла“ од нејзиниот добар пријател и шеф на познати њујоршки ресторани Џоди Вилијамс.
Марта наместо јајцата да ги испржи на добро загреана тава, таа ја искористила пареата која се создава при загревање на млекото на капучино апаратот. Пареата термички ќе ги обработи јајцата така да изгледаат совршено растресити и пенасти.
How to Make Martha Stewart's Cappuccino Eggs
Martha Stewart makes her scrambled eggs with an unexpected kitchen appliance!#Chopped > Tuesdays at 9|8c
Posted by Food Network on Monday, December 17, 2018