Мерил Стрип многу критичари ја сметаат за една од најдобрите актерки. Беше номинирана 21 пат за Оскар, освои 3, а освен што е одличен уметник, цитатите на Мерил Стрип се инспирација за многу жени – тие откриваат како да постигнете среќа и успех а секогаш да останете свои.
Нејзините мисли и цитати им служат на жените ширум светот како мотивација да ги остварат своите соништа, а да не ја изгубат свеста дека покрај материјалното, поважно е она што е внатре – нашето моќно и неверојатно внатрешно јас.
Мерил Стрип во една од своите изјави истакнала како да се пронајде својот среќен пат во животот:
„Важно е никогаш да не го игнорирате тој моќен внатрешен глас кој ви кажува во која насока да одите. Не дозволувајте да биде замолчен од критиките и ставовите на околината, не дозволувајте другите да ви го обликуваат животот и вашите стравови да ве блокираат. Живејте слободно во согласност со вашето битие, вашата интуиција – пред вас ќе се отворат некои нови врати на животот. И ќе знаете дека тоа е тоа“.
Која е формулата за успех и среќа според Мерил Стрип:
„Развивајте го она што го правите, на што се посветувате во светот. Формулата за среќа и успех е всушност да бидете свои, на најживописниот можен начин. Интегрирајте го она во што верувате во секоја област од вашиот живот. Поставете го вашето срце на таа работа и барајте го највисокото и најдоброто од сите други“.