По завршувањето на денешниот Совет за безбедност, претседателот Стево Пендаровски соопшти дека Советот за безбедност донел одлука да ѝ предложи на Владата да прогласи кризна состојба во траење од 30 дена.
Претседателот објасни што ова значи, односно дека не станува збор за вонредна состојба, ниту пак полициски час, туку само поголема надлежност на институциите врз ресурсите што ги има државата во справувањето со коронавирусот, како на пример и ангажирање на капацитетите на приватните болници и нивниот кадар.