Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот Фејсбук профил информираше дека советник од неговиот кабинет е позитивен на Ковид-19.
„Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место.Последен пат бил на работа на 02.06, а тестот го направил на 06.06, кога е потврдено дека е позитивен. Последната средба на Министерот со лицето била на 24.05.2020. Досега ниту едно лице од Кабинетот на министерот не е во изолација.Ве информирам дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени во министерството.Му посакувам добро здравје и побрзо оздравување.“, напиша Чулев.