Во јавноста е најпознат како автор на анти-ЛГБТ закони во Русија, за време на Олимпијадата во Сочи сакаше да затвора геј спортисти, јавно нападна неколку познати личности кои се „осмелиле“ да се изјаснат како геј, а сега цело реално шоу посветил на пронаоѓање „геј натрапник“, пренесува LadBible.
Претставникот во руската Дума, Виталиј Милонов (47) може да се заклучи од приложеното, е опседнат со хомосексуалци…
Овој политичар, кој во 2015 година беше одликуван од Путин за неговите напори да го спречи ширењето на геј пропагандата, минатата недела се појави како водител на реалното шоу „Јас не сум геј“, во кое под ист покрив се сместени осум мажи, а ако успешно го пронајдат „натрапникот“ меѓу себе, ќе поделат награда од околу 25.000 евра.
– Да се најде хомосексуалец кај нас е како да се најде отворен Мекдоналдс. Ги има, но ги има многу малку и малкумина знаат за нив – вели гласот во воведната шпица, а потоа низ вратата со актовка пари влегува Милонов, кој во кадарот претходно, придружуван од голи манекенки, се подготвува за битка…
– Се надевам дека ќе го најдете наскоро – рече тој, а потоа направи потег со раката, проследен со звучни ефекти, пресекувајќи го грлото…
Во првата епизода во куќата биле испратени голи мажи, а подоцна и танчери, но не можеле да го најдат натрапникот.
– Штотуку убивте невин човек – им рекол Милонов на остатокот од семејството откако го елиминирале „погрешниот“…
Што ќе биде тешко да се случи, бидејќи првата епизода беше добро прифатена во Русија и веќе се размислува за нови сезони…
Инаку, Милонов неодамна имаше говор за феминистките, кои ги нарече ментално нестабилни вештерки кои треба да се затворат или да се лекуваат…