Синот на поранешниот дипломат и актуелен професор Нано Ружин, Александар Ружин кој е еден од надворешните советници на премиерот Зоран Заев на времето ѝ беше дечко на хрватската пејачка Антонија Шола. На „Твитер“ потсетија на нивната врска – од тоа кога тој јавно ја молеше да му се врати, до изјавите на Шола за хрватските медиуми дека Алекс сакал да ја убие – објави репортер.мк
Ружин тогаш раскажувал дека откако се скарале со Шола затоа што таа го изневерувала, возел цел ден до Загреб и кога стигнал таа не сакала да се појави да разговараат. По овие негови изјави, Шола за хрваткиот магазин „Стори“ раскажала:
“Некој да ви каже најмалку дваесет пати дека ќе ве убие доколку го оставите и дека ќе направи најголема драма на Балканот убивајќи ме мене па себе, нормално дека нема да продолжите со него“.