Контролирањето на темпераментот знае да биде многу тешко. Искористете ги следните едноставни совети за контрола на бесот и лутината.
Направете пауза
Броењето до 10 не важи само за децата. Пред да изреагирате во некоја напната ситуација, одвојте неколку моменти, дишете длабоко и одбројте до 10. Ако е потребно, направете пауза од личноста или ситуацијата се додека фрустрацијата не се намали. Потоа реагирајте.
Откако ќе се смирите, изразете ја својата лутина
Откако ќе започнете јасно да размислувате, изразете ја својата фрустрација на начин кој што нема да биде конфронтирачки, но ќе покаже дека сте лути. Искажете ги вашите барања и потреби јасно и директно без да ги повредувате другите или да се обидувате да ги контролирате.
Отидете да вежбате
Физичката активност може да биде издувен вентил за вашите емоции, особено ако сте спремни да еруптирате. Ако почувствувате дека бесот ескалира во вас, отидете на брза прошетка, истрчајте или направете некоја друга физичка активност. Физичката активност стимулира различни мозочни хемикалии кои допринесуваат за појава на чувства на среќа и релаксираност.
Размислете пред да зборувате
Во моментите на бес и лутина, многу е лесно да кажете нешто за што подоцна ќе се каете. Почекајте некое време и консолидирајте ги мислите пред да кажете било што. Исто така, дозволете им и на другите личности кои што се инволвирани во ситуацијата да го направат истото.
Идентификувајте ги можните решенија
Наместо да се фокусирате на тоа што ве разбеснило, поработете на практично решавање на проблемот. Дали неуредената соба на вашето дете ве излудува? Затворете ја вратата. Дали вашиот партнер секогаш доцни на состаноците? Обидете се да ги закажувате средбите подоцна или направете мала пауза со излегувањата. Потсетете се дека бесот нема ништо да реши, туку само може да ја влоши состојбата.
Употребувајте “Јас“ во изразите
За да го избегнете критикувањето или префрлањето на вина што како резултат може само да ја зголеми тензијата, користете “Јас“ во речениците кога го опишувате проблемот. Бидете специфични и со почит кон другата страна. На пример, можете да кажете “Се нервирам кога секогаш стануваш од масата без да помогнеш во миењето на садовите“ наместо “Ништо не работиш“.
Не држете лутина
Простувањето е моќна алатка. Ако дозволите бесот, лутината и другите негативни чувства да ги надвладеат позитивните чувства, можете да бидете проголтани од својата огорченост или чувството за неправда. Но, ако можете да му простите на оној кој ве налутил, и двајцата можете да научите позитивни работи од целата ситуација. Нереално е да очекувате секој човек да се однесува точно така како што сакате.
Вметнете хумор за да ја намалите тензијата
Смееењето може да помогне во намалувањето на тензијата. Сепак, не користете сарказам бидејќи можете да повредите нечии чувства и само да ги влошите работите.
Практикувајте вежби за релаксација
Секогаш кога бесот и лутината ќе се “запалат“ веднаш внесете ги начините за релаксација. Практикувајте вежби со длабоко дишење, замислете некоја релаксирачка сцена или повторувајте некој збор или фраза како на пример “Чекај, стој, не брзај итн“. Правете се што ќе ви помогне да започнете со релаксацијата.
Научете кога да побарате помош
Контролата на бесот е предизвик за секого. Размислете за професионална помош кога ви изгледа дека не можете да ја контролирате лутината, дејствува со работи кои ги правите а за кои потоа жалите што сте ги направиле или ги повредувате личностите околу вас. Со професионалната помош:
– Ќе научите што е бесот
– Ќе идентификувате што го предизвикува бесот кај вас
– Ќе научите да ги препознавате знаците кои навестуваат бес
– Ќе научите како да одговорите на фрустрацијата и бесот на еден контролиран и здрав начин
– Ќе можете да ги истражувате чувствата како што се тагата или депресијата